Во канадскиот град Калгари на 13 ноември ќе се одржи референдум на кој жителите ќе треба да одлучат дали ќе ја прифатат апликацијата на нивниот град за организација на Зимските олимписки игри во 2026 година.
Во трката за добивање на организацијата на Зимската Олимпијада, освен Калгари се и италијанскиот Милано, со Кортина Д’Ампецо и шведски Стокхолм.
Калгари еднаш веќе беше домаќин на Зимски олимписки игри, во 1988 година, додека Кортина Д’Ампецо ја организира Зимската Олимпијада во 1956 година.
Одлуката за домаќин на Зимската олимпијада 2026 ќе биде познат во 2019 година.
Следните Зимски олимписки игри ќе се одржат во Пекинг, Кина.
Comments are closed for this post.