Ракометарите на Вардар вечерва во Белорусија играа финален меч за победник во регионалната лига. Противник е стариот познаник Загреб кој пред неколку денови го елиминираа во Лигата на Шампионите.

Вчера Вардарци беа поуспешни од домаќинот Мешков Брест, додека во хрватското полуфинале Загреб го елиминираше Нексе.

По ова следен предизвик за нашиот првак е четврфиналето во Лигата на шампионите против Пик Сегед на 25 април во Скопје.