Во спортските кругови веќе се коментира дека храмот на ракометот салата „Јане Сандански“ ќе добие нов управител. Наместо досегашниот Сергеј Самсоненко салата под концесија ќе ја земе Македонскиот Олимписки комитет на чие чело е Даниел Димовски, кој беше советник на Зоран Заев за спорт.
Иако официјално договорот треба да биде за изнајмување на салата, тоа во „културен“ речник на Балканот се нарекува преземање.
И тоа токму од човекот кој се најде на милост и немилост на власта од која беше оквалификуван како државен непријател. И тоа само затоа што беше близок со претходната власт. На Самсоненко власта не може да му ги прости двете титули европски првак со РК Вардар како и пласманот во Лигата на Европа со фудбалерите.
На Заев и неговите никако не им одговараа оние спектакуларни пречеци на ракометарите и скандирањето Македонија. Затоа и тоа сакааат да го уништат.
Да не беше новиот сопственик на РК Вардар Михајло Михајловски и ракометарите ќе ја доживееја судбината на фудбалерите кои испаднаа во втората лига.
Салата „Јане Сандански“ се отвори во 2014 година и има капацитет од 6.500 седишта. Изградена е на местото на старата сала на МЗТ Скопје и тоа со јавно-приватно партнерство помеѓу Самсоненко и општина Аеродром. Рускиот бизнисмен ја доби на 35-годишно користење по што објектот ќе премине во државна сопственост. Но, по се изгледа државата ќе ја „лапне“ многу побрзо.
Кој е Даниел Димовски
Димовски долги години беше на чело на кошаркарската федерација федерација на Македонија.Потоа стана советник на Заев за спорт за пред неколку месеци да биде избран за претседател на МОК. Тој ја немаше поддршката од речиси од ниту една федерација, но ја ја имаше најважната-на Заев.
Сите скандали на Димовски
Беше под лупата на Антикорупциската комисија која оформила предмет за него поради закуп на спортската сала „Кале“. Димевски, во својство на надворешен соработник и управител на правното лице ‘Турдолимпик’ ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ ‘Кале’ со што во улога на надворешен соработник остварил приватни интереси со што го оштетил Буџетот.
Во февруари минатата година тој беше посочен дека дели ваучери во висина од 10 милиони евра , со една и единствена цел – предизборен поткуп.
Боксерката федерација го напушти Собранието на МОК со изговор дека изборот на Димовски е нелегитимен.
Влезе во судир со кошаркарската федерација за тоа на кого треба да му припадне салата „Кале“
Comments are closed for this post.