Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино ги сподели своите очекувања од реваншот во четвртфиналето на Лигата на шампионите со Баерн Минхен, тим кој го смета за најдобар на светот.
Парижаните го добија првиот натпревар со резултат 3:2.
– Убеден сум дека сè може да се случи. Баерн е најдобриот клуб во светот во моментот. Се однесувам кон мојот противник со голема почит. Во исто време, ние сме сигурни во сопствените сили. Совршено добро разбираме дека треба да играме на победата, а не да се обидуваме да го чуваме резултатот од првиот дуел, изјави Покетино.
Натпреварот ПСЖ – Баерн Минхен ќе се одигра утре, на 13 април со почеток во 21 часот.
Comments are closed for this post.