Македонскиот футсал првак Шкупи се најде во групата Б од првата фаза во Лигата на шампионите заедно со екипите на Локомотив од Летонија, Кардиф од Велс и Енкамп од Андора.
За екипата од Андора настапува поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид, Савиола, кој по завршувањето на професионалната кариера се посвети на малиот фудбал.
Само победникот ќе избори место во следната фаза.
Првиот круг ќе се игра турнирски во периодот од 27 август до 1 септември, домаќин во Б-групата ќе биде токму Шкупи.
Comments are closed for this post.