Репрезентација на Југославија на светското првенство во 1962 година кое се одржувало во Чиле имала шанса да стане светски првак во фудбал.
Со победата над Западна Германија генерацијата во која настапувале Шошкиќ, Шекуларац, Скоблар, Јусуфи влегла во полуфиналето.
Апетите пораснале и фудбалерите прашале колку ќе бидат платени за големиот успех. Но тогаш дошол абер од претседателот Јосип Броз Тито дека не треба да играат за пари туку од патриотизам кон државата.
Не бил прифатен ни предлогот сите фудбалери да добијат по едно „фиќо“. Ова делувало разочарувачки врз фубалерите кои речиси го „пуштиле“ полуфиналиот меч со Чехословачка а потоа и оној за третото место со домаќинот Чиле. Со тоа била пропуштена шанса со големиот Бразил да играат за светски првак.
Comments are closed for this post.