Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, зборуваше за неговата емоционална состојба во пресрет на финалниот натпревар во Лигата на шампионите.
– Мајка ми вели дека плачам и кога сум среќен и кога сум тажен. Таа ме моли да престане да го правам тоа. Понекогаш патувам дома со автомобил и слушам музика која ме навраќа во одредена фаза од животот. Патот од базата трае околу 20 минути. Можам да почнам да плачам кога ќе возам до куќата. Сопругата ме гледа и прашува: Што се случило?. Велам: Музиката ме потсети на момент во животот кој беше пред 30 години во Аргентина. И таа одговара: Ти си луд. Ако ја освоиме Лигата на шампионите, најверојатно ќе плачам цела недела, изјави Покетино
Comments are closed for this post.