Новата натпреварувачка сезона во кошаркарското првенство на Македонија ќе стартува според предвиденото, на 6 октомври, но со 11 наместо со десет клубови.
Веќе во првото коло ќе има еден посебно интересен дуел во кој ќе се соочат Блокотехна и МЗТ Скопје, ланските полуфиналисти, а веќе во шестото коло на програмата ќе биде и „Вечното дерби“ помеѓу Аеродромци и екипата на Работнички.
Работнички мина и најлошо на ждрепката, бидејќи во првиот дел од сезоната ќе гостува кај сите екипи кои имаат високи амбиции, односно им се главни конкуренти за висок пласман, со оглед на тоа дека пред дуелот со МЗТ, во четвртото коло, ќе гостува кај Куманово, а во осмото коло кај Блокотехна.
Comments are closed for this post.