Екипите на Голден Стејт вориорс и Оклахома Сити тандер со победа ја почнаа новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

Бранителот на шампионскиот трофеј, Оклахома на домашен терен по две продолженија успеа да го совлада Хјустон рокетс со 125:124.

Центарот на Рокетс, Алперен Шенгун, беше најефикасен на теренот со 39 поени, во победничкиот тим се истакна Шеј Гилџес-Александар со 35 поени.

Голден Стејт на гостински терен славеше победа над Лос Анџелес лејкерс со 119:109.

Вечер по полноќ на распоредот се 12 натпревари