Поранешниот фински ски-скокач, Мати Никaнен, почина на 55-годишна возраст. Финецот е еден од најуспешните ски-скокачи во историјата, а во неговата легендарна кариера останува запишано дека тој бил четирикратен олимписки и петкратен светски шампион.
Никaнен ќе остане запаметен по Зимските олимпски игри во Сараево 1984 година, кога освои злато и сребро во вкупно пет категории, како и по турнејата „Четири скокалници“ во 1988 година.
Финецот вкупно има 46 победи, а 76 пати се најде на подиумот за медалите.
По трофејната кариера, Никанен имаше проблеми со алкохолот, но и со прекршување на законот, поради што одредено време мина и во затвор.
Comments are closed for this post.