Откако Рафаел Надал и Медведев испаднаа а на Новак Ѓоковиќ не му се дозволи да учествува,никој не знае кој ќе биде новиот рекет број 1.
Кандидати се Надал, Карлос Алкараз и Каспер Руд и тоа ќе зависи од резултатите до финалето на турниорот.
Надал ќе стане прв ако ниту Руд ниту Алкараз не се пласираат во финалето а пак Алкараз ќе биде само ако ја освои титулата или изгуби во финалето од било кој, а тоа да не е Руд. Последното и трето сценарио вели дека Руд ќе дојде на челната позиција само во случај ако ја освои титулата или изгуби во финалето, но тоа да не е Алкараз.
Comments are closed for this post.