Чешката тенисерка Каролина Плишкова е победничка на ВТА турнирот во Токио, Јапонија.
Плишкова рано утрото ја победи домашната тенисерка Наоми Осака со 2-0. Двата сета четвртата носителка ги доби со по 6:4.
Осака (трета носителка) беше фаворитка на овој меч со оглед на триумфот неодамна на УС Опен, но сепак загуби по само еден час и четири минути игра.
За Плишкова ова беше 11. трофеј во нејзината кариера
Comments are closed for this post.