Поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини најави контранапад, откако беше ослободен од обвинението за корупција. Во 2015 година Платини беше обвинет за измама, фалсификување и подмитување на тогашниот претседател на ФИФА Сеп Блатер.

„ Бев изненаден. Се случи на состанок на Извршниот комитет на ФИФА. Бев критикуван, ми кажаа дека сум корумпиран и дека не ме сакаат за претседател на ФИФА“, се присеќава Платини.

Тој смета дека тоа било само за да не дојде на позицијата претседател на ФИФА, иако имал поддршка од 150 федерации.

Трикратниот освојувач на „Златната топка“ по една деценија и ослободителните пресуди највува контранапад и борба против неправдата.