Некогашниот играч на Милан, Звонимир Бобан и судиската легенда Пјерлуиџи Колина ги претставија новите правила во фудбалот кој треба да го направи уште побрз и особено ќе санкционира играње со рака и недисциплина.
Овие правила се веќе доставени до Меѓународниот фудбалски борд кој треба да одлучи од кога ќе почнат да се применуваат.
Еве кои се тие
-Кога се фомира жив ѕид противнички играчи нема да смеат да бидат дел од него туку мора да стојат одалечени најмалку еден метар.
-Кога голманот ќе ја изведува топката од петерецот противничкиот играч нема да мора да чека таа да го напуши шеснаесетикот туку ќе може да тргне по неа веднаш штом ја изведе.
-Секое играње со рака во казнениот простор над висината на рамото ќе биде пенал без разлика дали имало намера или не.
-Во никој случај нема да биде признат гол со рака дури и ако топката завршила во мрежата откако била напуцана.
-Тренерите и резервите ќе можат да добиваат жолти и црвени картони за недисциплина и приговор
-Играчот кој го напушта теренот поради замена тоа ќе може да го направи на било кој дел од игралиштето а не како досега на средина
-Доколку топката во текот на играта го допре судијата, играта не продолжува туку и се враќа на екипата која била во напад. Ова особено се однесува за напад после кој бил постигнат гол.
Comments are closed for this post.