Новак Ѓоковиќ откри дека негов најголем пријател му е кумот Невен Марковиќ. Невен е поранешен фудбалер на Сервет а со Ноле се познаваат уште од детството.
Новак беше кум на свадбата на Невен со Александра Танасковиќ во 2015 година, а пет години подоцна се разведоа и заедно ја имаат ќерката Ина. Потоа, во 2022 година, фудбалерот се ожени со Наташа Дерикоња, која исто така се занимава со манекенство и е една од најубавите српски манекенки.
Невен во октомври минатата година беше под манастирот Острог и ги крсти децата на Новак, синот Стефан и ќерката Тара.
Comments are closed for this post.