Малкумина знаат дека инспирација за филмот „Трето полувреме“ е вистинска случка која датира од периодот кога Македонија беше под бугарска окупација. Нашиот клуб Македонија во 1042 година се натпреваруваше во бугарската фудбалска лига. Во решавачкиот меч за титулата Македонија во Скопје играла против Левски.
Македонија ја водел Илеш Шпиц Евреин од Унгарија кој по војната бил тренер на Вардар и Партизан. Македонија водела со 2-0 и била на прагот да стане шампион. Публиката грмела со поддршка за нашиот тим а против Бугарија. При крајот на мечот Левски постигнал нерегуларен гол кој судијата го признал.
Публиката на трибините негодувала а нашата екипа решила да се повлече од теренот. Дополнително било одлучено Левски да го добие натпреварот со службен резултат 3-0. И денеска во бугарската федерација за 1942 година како шампион е заведен Левски.
Comments are closed for this post.