Неверојатно но вистинито. Бугарските медиуми успеаја да најдат бугарско потекло и на хитот на зимската олимпијада во Пекинг Камила Валиева. Девојчето што има само 15 години и ги собра сите симпатии со својот настап за Бугарите има бугарско потекло иако таа е типична Русинка родена во Казан.

Но така не мислат Бугарите кои велат дека семејството Валиеви е од областа Тартастан од т.н „волжка българия“ престолнина на прабугарите.

Волга Бугарија била држава од VII до XIII век, основана од прабугарите од Котраг, ја покривала територијата околу сливот на реките Волга и Кама.