Новак Ѓоковиќ секој ден го започнува со вода со лимонна празен стомак, а потоа пие свежо цеден сок од целер. Станува збор за семеен пијалок, кој го консумира неговата сопруга Јелена, но и децата, со тоа што поради јачината на вкусот им се подготвува во комбинација со јаболко или краставица.
Целерот е растение со посебни хранливи и лековити својства, постои во дива и питома форма, а и двете се лековити. Целерот е зеленчук познат уште од античко време, а порано луѓето го одгледувале во зима и мислеле дека го зајакнува телото, додека семките се користат за ублажување на болките.
Comments are closed for this post.