Реал во последните години почна да работи на сериозно подмладување, а еден од играчите кој се очекува да биде столбот на иднината е Арда Ѓулер.
Момчето кое штотуку наполни 19 години оваа година, летово дојде во Реал од Фенербахче за 20 милиони евра. Следните зборови покажуваат дека се очекува да биде многу важен во иднина.
– Во текот на овогодинешните преговори ми беше кажано дека ќе бидам наследник на Лука Модриќ. Ми понудија долгорочен проект и во тоа се уверив, изјави Ѓулер.
Офанзивниот играч за врска оваа сезона одигра осум натпревари во сите натпреварувања, но само 166 минути и постигна два гола
Comments are closed for this post.