Поранешната светска тенисерка број 2 и трикратна грен слем финалистка, Тунижанката Онс Џабер објави дека е бремена и очекува во април да донесе на свет машко бебе.

Џабер, кој беше финалистка на Вимблдон во 2022 и 2023 година и на УС Опен во 2022 година, имаше проблеми со повредите во последните две години и во моментов е рангирана на 79. место, но нејзиното враќање на терените сега ќе мора да почека.

„Теренот ќе мора да почека на подолг период, наскоро ќе го пречекаме новиот мал соиграч. Бебето ќе му се приклучи на тимот во април“, објави 31-годишната Џабер на социјалните мрежи со фотографија заедно со сопругот Карим Камун.