Во првото коло од Групата А на Европското првенство кое се одржува во Швајцарија, фудбалерките на Норвешка триумфираа синоќа над домаќинот со 2-1 пред 34.000 гледачи во Базел, правејќи пресврт во вториот дел.

Швајцарките поведоа во 28 минута со голот на Надин Ризен. Ада Хегерберг израмни во 54 минута, а четири минути подоцна Јулија Стиерли ја погоди сопствената мрежа и им донесе водство на Норвежанките.

Поранешните двократни европски шампионки (1987, 1993) можеа да слават поубедливо, но Хегерберг не реализираше пенал во 70 минута.

Во воведниот натпревар на ЕВРО2025 кое почна во средата, Финска во групата А го победи Исланд со 1-0 во Тун пред 7.800 гледачи. Решавачкиот гол го постигна Катарина Косола во 70 минута