Дали претстои сензационален пресврт?Даниел Микс, човекот кој ја напиша биографијата на најдобриот тенисер во светот, во разговор за една телевизија во Австрија објави дека има информации дека Новак Ѓоковиќ ќе се вакцинира.
– Според она што може да се слушне од неговата околина, Новак ќе биде вакциниран. Можеби за ваквата одлука придонесе и финалето од Мелбурн и 21. Грен слем титула на Рафаел Надал –
Поради статусот на невакцинирана личност, Ѓоковиќ мораше да го пропушти Австралија опен, каде триумфираше Надал. Во моментов постои неизвесност дали другите големи турнири, како Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен, ќе одлучат дека невакцинираните тенисери не можат да играат.
Comments are closed for this post.