Ѓоковиќ е роден во Белград и кога има можност оди таму да го помине времето сосвоето семејство и пријателите, но и да тренира со сонародниците кои се занимаваат со тенис. Но пред две години се пресели во Монте Карло заедно со сопругата Јелена и двете деца, синот Стефан и ќерката Тара.
Монте Карло е најверојатно најпопуларниот даночен рај, но убавината на самото место била одлучувачка тенисерот да се пресели таму.
Монте Карло е место кадешто многу спортисти живеат, а и многу тенисери во последнит енеколку децении. Прв пат тука дојдов на 17 години, да играм квалификации, а потоа почнав малку повеќе време да поминувам таму, бидејќи мојот поранешен тренер живееше таму, а се уште е тука мојот бивши тренер Рикардо Пијати. Со нив работев скоро една година. Монте Карло го користевме како наша база за тренинг. Во тоа време јас живеев во Србија, но го засакав тој крај од повеќе причини, вели Ѓоковиќ.
Го објаснува тоа со следните зборови:
Најважно имам свое место тука, каде што можам да се посветам време и целосно внимание на тенисот. Навистина уживам во тоа. Во оваа фаза од животот тоа е нешто што е навистина вредно, заклучува Ѓоковиќ.
Comments are closed for this post.