Новак Ѓоковиќ откри дека музиката е голема негова љубов и оти има желба да научи да свири саксафон.Инстументот дури и го носи со себе на патувања.
Повеќе го носам саксофонот со мене на патувања отколку што свирам, но намерата е тука. Сакам да научам саксофон, да можам да свирам барем еден или два инструменти затоа што мислам дека навистина е лек за душата и го збогатува животот на човекот. Бидејќи музиката е на крајот живот, а емоциите што ги создава музиката кога слушате некоја оркестарска или симфониска музика – или композиција или дури и самиот инструмент – чувството што го добивате кога учите и знаете да ја свирите е навистина нешто фасцинантно.
Comments are closed for this post.