Новиот додаток на Баерн Минхен, Филипе Кутињо, пристигна во градот, a подоцна ќе биде извршен лекарски преглед. Играчот од средниот ред доаѓа на заем од Барселона за една сезона со опција за купување.
Според „Билд“, германскиот клуб ќе плати 8,5 милиони евра за самиот трансфер, вклучувајќи ја и платата на играчот од 13 милиони евра. Клаузулата за откуп е 120 милиони евра. На „Алијанц Арената“ тој ќе го носи дресот со број 10.
Кутињо станува седми нов играч на Баерн ова лето. Пред него, Баварците ги купија Лука Ернандез, Бенџамин Павар и младите Јан-Фите Арп, Лиам Морисон и Михаел Квизанс, а Иван Перишиќ пристигна на изнајмување од Интер
Comments are closed for this post.