Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е фудбалерот со најголема километража во Лигата на шампионите во сезоната 2021/22.
Според официјалниот сајт на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), 21-годишниот Бразилец истрчал 133 километри на 13 натпревари на турнирот.
Играчите од средниот ред на Виљареал, Етјен Капу и Даниел Парехо ги поделија второто и третото место по овој индикатор, истрчајќи 130,9 километри во 12 натпревари на турнирот.
Да потсетиме дека победник во Лигата на шампионите сезона 2021/22 беше Реал Мадрид. Во финалето на турнирот, мадридскиот клуб, благодарение на голот на Винисиус, го совлада Ливерпул со резултат 1:0
Comments are closed for this post.