Интересен момент при контактот на Новак Ѓоковиќ со фановите на турнирот во Индијан Велс. Не секогаш давањето автограми оди според плановите. Откако тој го совлада Бјорн Фратанџело од Америка со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-2 делеше автограми на големи тенсиски топки кои фановите му ги додаваа од трибините. Една од нив заврши и во главата на Ѓоковиќ.