Голем пропуст се случи вечерва на стадионот “Стад Д Франс” во Париз пред квалификацискиот натпревар Франција – Албанија од квалификациите за пласман на европското првенство. При интонирањето на химните, наместо химната на гостите од Албанија беше интонирана химната на Андора.

Албанците не сакаа да го започнат натпреварот додека не ја чујат нивната химна. И натпреваротзапочна со десет минути задоцнување. Набрзо организаторот направи уште еден кикс. Официјалниот спикер рече сега ќе ја чуеме химната на Ерменија.