Македонецот Илија Најдоски во финалето против Олимпик Марсеј беше задолжен за најдобриот противнички напаѓач, Жан-Пјер Папен. Тој за Моцарт Спорт го раскажа искуството против еден од најдобите играчи во 1991 година.
„Го чував Папен, кој со Панчев тогаш беше најдобриот напаѓач во Европа, но немав посебни подготовки. Само гледав некои негови натпревари. Но, беше навистина феноменален играч. После мечот ми честиташе, а и јас нему. Беше навистина машка игра, но има разлика меѓу машка и расипана игра. Во тоа време немаше расипана игра. Јас во живот не сум удрил играч намерно. Никогаш. Нема шанси!“, дециден е Најдоски.
Comments are closed for this post.