На легендарниот јамајкански атлетичар Усеин Болт не му се огра фудбал во Малта. Го одби клубот ‘Валета” кој му понуди да потпише двегодишен договор. Болт е на проба во Централ Коуст Маринерс од Австралија за кој веќе постигна два гола на пријателскиот меч со Макартур Саут Вест Сиднеј. Сепак Болт се уште нема професионален договор. Некогаш најбрзиот човек на светот започна да се занимава со фудбал и досега тренираше и со Борусија Дортмунд.

Постои голем интерес за Болт и редовно ни испраќаат вакви понуди. Можам да потвдам дека тој нема да замине за Малта, изјави агентот Рики Симс.

Доколку потпише професионален договор Болт за австралискиот клуб ќе може да почне да настапува од Јануари.