Шкотскиот премиерлигаш Глазгов Ренџерс ја оствари првата победа сезонава во Лига Европа откако синоќа пред своите навивачи го совлада Лудогорец со 1:0. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во победникчката екипа настапи од 64.минута, а во игра влезе при резултат 1:0. За екипата на Глазгов Ренџерс ова беше прва европска победа сезонава.

Важна победа и пласман во нок-аут фаза обезбеди и Црвена Звезда на гостувањето против малме со 1:0, додека по трите порази Динамо загреб со убедливи 4:1 ја совлада романската екипа ФКСБ. Црвена Звезда со четвртата победа во низа е во горниот дел на табелата – 11.место, додека Динамо Загреб е на 20.место и ќе се бори за подобра позиција.

Двете првопласирани екипи кои имаат по 18 бодови Олимпик Лион и Астон Вила ќе ја „прескокнат“ првата нок аут фаза и веќе имаат пласман во осмина финалето. Првите осум екипи ќе бидат слободни во првата нок аут фаза, додека екипите од 9-24.место ќе одиграат два натпревара (дома – гости) за пласман во осмина финалето.