Шпанскиот спортски весник Диарио објави ексклузивно дека постои можност на крајот на оваа сезона поранешната фудбалска звезда на Барселона, 35-годишниот Аргентинец Лионел Меси, да се врати во редовите на каталонскиот гигант.
Меси дојде во Барселона на 13-годишна возраст, дебитирајќи за првиот тим во 2004 година. Дресот на каталонскиот клуб го носеше во континуитет до минатата сезона кога потпиша за ПСЖ.
Меси, во меѓувреме, ги одложи разговорите со клупското раководство за евентуално продолжување на договорот со клубот од Париз и нагласи дека одлуката за својата иднина ќе ја донесе по завршување на Мундијалот во Катар.
Во кариерата Меси одигра 778 натпревари за Барселона и постигна 672 голови, освојувајќи вкупно 34 трофеи
Comments are closed for this post.