Македонскиот борец во таеквондо, Дејан Георгиевски, повторно блесна на Европското првенство враќајќи се на победничкиот пиедестал.
Пред три години, Дејан Георгиевски беше европски сениорски шампион со пет победи на само 18 годишна воздраст, а сега повторно се бореше во финалето на Европското првенство кое се одржа во Босна и Херцеговина.
Откако во трите претходни кола ги совлада Андреј Гарбар од Украина (на поени 11:4), потоа Динко Шегедин од БиХ (на поени со 12:7), како и Рос Даниел од Шпанија (на поени со 11:4), тој избори настап во финалето против поранешниот светски првак Махди Кобадабакши. Овој борец потекнува од Иран, а сега настапува за Србија. Во финалето, според информациите од нашиот тим Георгиевски повел со 15:7, но на крајот загубил со 19:18.
Ни избега од раце уште едно европско злато. Ова е историски медал за македонскиот олимписки спорт и секако за македонското олимписко таеквондо, бидејќи се вбројува во неколкумина медали на официјални Европски првенства освоени во олимписки спортови откако Македонија е независна држава,- се вели во пораката испратена од таеквондо федерацијата.
Георгиевски е еден од спортистите кои би можеле да ја претставуваат нашата земја на Олимписките игри во Токио кои се поместени за идната 2021 година.
Comments are closed for this post.