Македонска делегација составена од 12 девојки и три менторки учестуваше на еднонеделниот настан „She Runs” во Париз, Франција.
Настанот го организира Меѓународната федерација на училишни спортови со поддршка на Еразмус + програмата на Европската унија.
Вкупно 500 меѓународни учесници на „SheRuns“ меѓу кои и спортистки од нашата земја предводени од тимот на „ТАКТ“ вчера се приклучија на 1.500 девојки од Франција за празнично трчање на три километри на бреговите на реката Сена во центарот на Париз. Девојките од целиот свет испратија јасна порака: „Сакаме еднакви можности”, информира извршната директорка на „ТАКТ“, Магдалена Спасовска.
Учесничките на „She Runs” имаа можност да го запознаат Париз преку неколкучасовната игра „Scavenger hunt“.
Низ играта со задача да ги следат ознаките-чекорите на познати спорти стки поставени низ Париз девојките го запознаа градот, неговата историја и култура. Низ програмата слушаа инспиративни приказни на докажани спортистки кои направиле разлики во општеството преку спортот, учеа спортски лидерски вештини и ја претставија нашата држава на културната вечер со традиционални танци и кореографии, додаде Спасовска.
Сите дванаесет девојчиња кои уечствуваа од нашата држава се членови на училишни спортски тимови во различни спортови.
Од Крива Паланка како претставнички во делегацијата беа кошаркарките Ана Ангеловска и Симона Стојковска, двете членки на училишен спортски тим во ОУ „Јоаким Крчовски“, ученички во деветто одделение и двете исто така членки на Кошаркарски клуб „Крива Паланка“, активни играчи во прва лига жени и младинска М-16 лига.
„She runs’’ е спортско-едукативна програма која има цел да ја промовира спортската активност кај младите девојчиња, користејќи го училишниот спорт како средина во која девојките ќе ги докажат своите таленти и способности
Comments are closed for this post.