Maкедонската фудбалска репрезентација остана непоразена на гостувањето во Словенија. 1-1 против просечните Словенци, па можеме да жалиме што не ги освоивме трите бодови.
Нашата репрезентација играше отворено, напаѓачки и штета е што од првата грешка во одбраната примивме гол откако Бејтулаи не затвори навреме.
Советите од селекторот Ангеловски на полувремето се чини дека делуваа па преку Барди Македонија изедначи. До крајот на мечот Македонија имаше уште неколку шанси за гол, но Алиоски и Елмаз беа непрецизни.
Ова е добар резултат за Македонија, во пресрет на двете јунски средби на домашен терен со Австрија и фаворитот во групата Полска.
Comments are closed for this post.