Мајкл Фелпс е еден од најуспешните спортисти во светот во историјата на Олимписките игри, со освоени 28 медали, од кои 23 златни.
Но, не било се така убаво во неговиот живот, а на новинарите им откри некои шокантни моменти од неговиот интимен живот, па дури и дека во минатото сакал да се самоубие.
Тој признава дека не можел да се справи со сите успеси, и признава дека размислувал да си го оконча животот.
Но, сега тој плива во помирни води, оженет е, има две деца и ужива во животот. Своите размислувања и искуството ги споделува на социјалните медиуми.
Страдав од анксиозност и депресија и дури се двоумев дали да продолжам да живеам или не. Кога го допрев дното побарав стручна помош. Тие разговори ми го спасија животот. Не треба да чекате за да дојдете до таму“, напиша Фелпс на Твитер.
I struggled with anxiety and depression and questioned whether or not I wanted to be alive anymore. It was when I hit this low that I decided to reach out and ask for the help of a licensed therapist. This decision ultimately helped save my life. You don’t have to wait for things
— Michael Phelps (@MichaelPhelps) May 26, 2019
Тој во разговор за Си-ен-ен рече дека сега приоритет му е неговиот живот и да им помогнеме на тие што се борат со депресијата.
Comments are closed for this post.