Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го тишти односот на неговата мајка Дијана и сопругата Јелена! Односите меѓу свекрвата и снаата достигнаа најниско ниво на разбирање во последните седум години, откако Новак одлучи да се ожени со Јелена.
Maјката на Ноле не се согласува со сопругата на синот
Мајката Дијана не пропушта прилика да се пожали на пријателите или познаниците за снаата, што секако влијаело и на Јелена која решила да биде целосно ладна кон свекрвата.
Јелена ја изнервира и тоа што Дијана неодамна јавно кажа дека не очекува синот да се ожени со неа.
Како млад човек кој се занимава со оваа работа, немаше време да се забавува. Повеќе беше на пат отколку дома. Запозна девојка која беше одбојкарка од Краљево, тие беа деца. Подоцна ја запозна Јелена. Кога имаа 18 години, не мислев дека ќе се венчаат, имаше време за се. Сепак, тој го поби моето мислење и се омажи за Јелена – изјави мајка на Ѓоковиќ.
Таа потоа додаде дека не се согласува со начинот на исхрана кој го вовеле нејзината снаа и синот.
-Тие го создадоа своето семејство и оаза, Јелена прави одредени работи на свој начин. Има неспогласувања, особено кога се работи за исхраната што не го поддржувам.
Comments are closed for this post.