овак Ѓоковиќ никогаш не криел дека неговиот успех најмногу се должи на семејството кое отсекогаш било со него, а добро е познато дека е многу приврзан за својата мајка Дијана Ѓоковиќ. Токму од тие причини Дијана решила да ја сокрие од Новак, но и од Марко и Ѓорѓе, лошата здравствена состојба во која се нашла пред неколку години.
– Една година, кога бев болна и морав да се оперирам, чекав да отидат од дома моите два постари сина. Беше зима. Новак замина во Австралија, а Марко во Шпанија. Кога бев на операција, Новак се јавуваше секој ден на домашниот телефон на кој обично одговарав. Во тие денови го слушаше гласот на Срѓан и постојано прашуваше каде е мајка му. Се обидов да го прилагодам гласот од болничкиот кревет за да не почувствува дека нешто се случува.
Comments are closed for this post.