Финалистот во фудбалската Лига на шампиони, Ливерпул не е задоволен од распределбата на билетите за мечот за трофејот.
Англискиот клуб добил квота од 16.613 билети за дуелот со Тотенхем кој ќе се одржи во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано” кој има капацитет 64 илјади гледачи.
Извршниот директор на Ливерпул, Питер Мур, за дистрибуцијата на билетите ќе разговара со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Финалето од Лигата на шампионите за сезоната 2018/19 меѓу Ливерпул и Тотенхем ќе се игра на 1 јуни со почеток во 21 часот.
Comments are closed for this post.