Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул денес забележа уште една победа – овој пат на свој терен го победи Њукасл со 3:1 и така потврди дека годинава оди во освојување на шампионскиот трон.
Ливерпул е единствената екипа со стопроцентен учинок.
Садио Мане беше расположен и постигна два гола, додека Мо Салах еден на феноменална асистенција на Роберто Фирмињо. Честа на Њукасл ја одбрани Џетро Вилемс, кој даде гол за водство.
Ливерпул со оваа победа забележа 14 по ред победи во шампионатот.
Comments are closed for this post.