Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е оптимист во врска со статусот на египетската ѕвезда Мохамед Салах. Напаѓачот беше изнесен со носилка на крајот на натпреварот со Њукасл, откако настрада по судир со голманот на „страчките”.
Салах беше силно удрен во главата и го напушти теренот. Воопшто не се размислувало за тоа дали тој е во можност да продолжи со играта, со цел да се избегне повторување на ситуацијата со Вертонген од Тотенхем.
– Одлуката ја зедоа докторите, откако имаше две опции – или го оставаме на теренот, или да го вадиме. Одлуката беше да го замениме. Кога влеговме во соблекувалната, го затеков како го гледа натпреварот на телевизија, па тоа е добро. Се разбира дека ние ќе почекаме понатамошни истражувања бидејќи тој доби тежок удар, рече Клоп.
Ливерпул победи тешко со 3:2 и остана во борбата за титулата со Манчестер Сити, откако има два поени предност пред „граѓаните”, кои може да се вратат на врвот утре, кога играат со Лестер. Па така сè ќе биде одлучено во последниот круг на 12-ти мај.
Comments are closed for this post.