Најголемата балканска ѕвезда Лепа Брена призна дека пред дваесеттина години добила понуда да инвестира во развојот на кариерата на денеска најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ но оти тоа не го направила бидејќи немала доверба во неговите родители.

За да почнувате бизнис со некого морате да имате доверба но во овој случај тоа не беше. Новак го сакаме и почитуваме како и неговото семејство. Тој е пример на успешно момче. Сакам соништата да му се исполнат бидејќи заслужува-вели пејачката.