За многумина најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс дебитираше со пораз во дресот на ЛА лејкерс. „Жолто-пурпурните“ загубија на гостувањето во Портланд со 128:119.
Џејмс беше најдобар во тимот на „езерџиите“ со учинок од 26 поени, 12 скокови и шест асистенции, но тоа не беше доволно за тимот од Лос Анџелес да му се спротивстави на расположениот бековски тандем на домашните, Демиан Лилард и СЏ Мекколум, коишто постигнаа 28 и 21 поен, соодветно.
Со овој триумф, кошаркарите на Портланд му оддадоа почит на сопственикот на тимот Пол Ален, кој почина пред три дена откако ја загуби долгогодишната битка со ракот.
Трипл-дабл на Симонс
Бен Симонс оствари трипл-дабл учинок од 13 поени, 13 скокови и 11 асистенции со што ја предводеше Филаделфија севентисиксерс до лесен триумф против Чикаго булс од 127:108. Покрај Австралијанецот, одлична партија за Филаделфија прикажаа и Џоел Ембид со 30 поени и 12 скокови, Дарио Шариќ со 13 поени и 10 скока и Роберт Ковингтон со 20 поени.
Во поразената екипа најдобра беш Зек Лавин со 30 постигнати поени, а добра партија пружи и Боби Портис со дабл-дабл од 20 поени и 11 скокови.
Драматичен финиш во Вашингтон
Со офанзивен скок и положување на две стотинки до крајот, Кели Олиник му донесе триумф на Мајами хит на гостувањето кај Вашингтон визардс со резултат 113:112. Најеикасни во редовите на Мајами беа Џош Ричардсон со 28 и Родни Мекгрудер со 20 постигнати поени.
Кај „волшебниците“, стандардно, најдобри беа Џон Вол со 26 поени и девет асистенции и Бредли Бил, кој постигна 20 поени.
Comments are closed for this post.