Леброн Џејмс беше на чекор да биде трагичар за Лос Анџелес лејкерс во дуелот против Атланта хоукс, но неговата и упорноста на неговите соиграчи му овозможи да да се искуипи и да го постигне победоносниот кош.
Џејмс утна две слободни фрлања на 19,9 секунди до крајот и водство на Атланта од еден разлика, но колективната борба на неговите соиграчи за повторно да дојдат до топката заврши со негов офанзивен скок и забивање на четири ипол секунди подоцна за превземање на водството.
LeBron James is not making clutch free throws but he can also make clutch dunks. pic.twitter.com/C2FlxuRYrd
— ???-??? ??✌? (@TheNoLookPass) November 12, 2018
Со тој кош Леброн го постави, како што се покажа на крајот, конечниот резултат од 107-106, но до тоа немаше да биде така без одличниот одбранбен потег на Тајсон Чендлер. Центарот што потпиша за „езерџиите“ откако го раскина договорот со Феникс санс минатата недела уште еднаш покажа дека е огромно засилување за играта во одбрана на „лејкерси“ што го покажува и нивната серија од три победи по ред од неговото доаѓање во тимот.
Тој дефанзивен придонес на овој дуел јасно се покажа во последниот напад на Атланта. Петтиот пик на овогодинешниот драфт, Тре Јанг, го мина Брендон Инграм, влезе во рекетот и ја исфрли топката кон обрачот, кога Чендлер се исправи пред него, ја испружи раката колку што може најмногу и со врвот на прстите, во последнта стотинка го смени правецот на топката и ја зачува предноста на својот тим.
TYSON CHANDLER wins it for the @Lakers with the clutch rejection! #LakeShow pic.twitter.com/ApGZOXsewt
— NBA (@NBA) November 12, 2018
Резултати од синоќешните натпревари
ЛА Лејкерс – Атланта 107-106
Детроит – Шарлот 103-113
Хјустон – Индијана 115-103
Портланд – Бостон 100-94
Њујорк – Орландо 89-115
Денвер – Милвоки 114-121
Comments are closed for this post.