Офанзивниот играч од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, призна дека не знае каде ќе игра во новата сезона.
Тој веројатно ќе биде продаден по слабата сезона, а Каталонците имаат потреба од свежи пари за обезбедување на двете трансфер цели – Нејмар и Антоан Гризман.
Имам договор со Барселона и мојата цел секогаш била да успеам во овој клуб, но сега сум целосно концентриран на Копа Америка со Бразил. Не знам што носи иднината и дали ќе останам во Барселона, изјави Кутињо.
Според него, во медиумите излегуваат многу работи кои воопшто не се точни.
Никој од нас не знае што ќе му предложи иднината. Искрено, сезоната не беше добра за мене. Не покажав она што сакав и како што се надевав. Но верувам дека ова ќе ми биде за лекција. Не е важно дали сезоната е слаба или добра, човек секогаш треба да сака повеќе, додаде Бразилецот.
Тој е поврзуван претежно со ПСЖ, Челзи, Манчестер Јунајтед и од пред неколку дена, со неговиот поранешен тим Ливерпул.
Comments are closed for this post.