Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ нема да остане во Реал Мадрид следната сезона.

Како што пишува „COPE“, Модриќ не добил понуда од „Кралскиот клуб“ за продолжување на договорот.

Се очекува 39-годишниот Модриќ да се прости од навивачите на домашниот натпревар од 38. коло на Ла Лига против Реал Сосиедад на 24 мај.

Последните настапи Хрватот ќе игра за Реал Мадрид на Светското клупско првенство 2025 година во САД.

Според „COPE“ идниот тренер на Реал, Чаби Алонсо не бил вклучен во разговорите за иднината на Модриќ во клубот, а одлуката да не се продолжи договорот ја донела управата.

Модриќ игра за Реал Мадрид од август 2012 година. Неговиот договор е до 30 јуни 2025 година.

Во сезоната 2024/25, централниот играч за врска одигра 55 натпревари за клубот, постигнувајќи четири гола и девет асистенции