Тренерот на Баерн, Нико Ковач потврди за тепачката меѓу Роберт Левандовски и Кингсли Коман за време на тренингот на тимот од Минхен вчера. Повеќе од 24 часа од клубот молчеа за инцидентот, за кој дознавме од германските медиуми.
Имаше размена на удари помеѓу двајца играчи чии имиња веќе излегоа во медиумите. По тоа што се случи, тројцата седнавме и разговаравме. Тие жалат за тоа што се случи и се извинија. Прашањето е затворено. Нема да има казни или нешто слично. За време на тренинзите, работите стануваат емотивни, рече Ковач на денешната прес-конференција.
„Билд“ тврди дека постои тензија помеѓу двајцата играчи. Левандовски бил незадоволен од тенденцијата на Коман да претерува со индивидуалната игра, а покрај тоа не му подавал доволно.
Comments are closed for this post.