Откако беше прифатена оставката на претходниот тренер Драган Стојковиќ Пикси се појавија неофицијални информации дека актуелниот тренер на српскиот шампион би можел да го наследи на таа позиција. Милојевиќ, наводно, би останал на црвено-белата клупа до крајот на есенскиот дел од сезоната, а потоа целосно би се посветил на работата со репрезентација.
Како резултат на тоа, тренерската позиција во Црвена Звезда би останала празна, а според ексклузивните информации од угледниот италијански „Калчомеркато“, првиот кандидат да го преземе тимот е актуелниот помошник тренер на Интер Милано – Александар Коларов
Comments are closed for this post.