Александар Трајковски е новата македонска звезда. Тој го реши вчерашниот дуел со Италија. Сепак, за него знаат само вљубенците на фудбалот па затоа „Пресинг ТВ“ ќе ви го претстави.
Трајковски има 29 години и моментално настапува за Ал Фајад во Саудиска Арабија.
Тој како млад беше на проба во младите категории на Челзи, дури и постигна гол во тимот до 19 години против Ботафого на турнирот во Амстердам.
Професионалната кариера ја почна во Цементарница во 2009 година по што следуваше Запрешиќ во Хрватска, Зулте во Белгија. Најзапаметен остана во Палермо каде играше четири години и постигна 16 голови.Според трансфермаркет е проценет на 350.000 евра.
Comments are closed for this post.