Барселона го победи Реал Мадрид со 3:0 во пријателски натпревар пред 82 илјади гледачи одигран ноќеска во Арлингтон (САД).
Головите за Каталонците ги постигнаа; Усман Дембеле, Фермин Лопез и Феран Торес.
Во 20. минута напаѓачот Реал, Винисиус Жуниор промаши пенал. Бразилецот е нов главен изведувач на ударите од 11 метри за „кралскиот тим“ по заминувањето на Карим Бензема.
Во следниот пријателски натпревар на турнејата во Америка, Барселона ќе игра со Милан на 2 август, додека Реал Мадрид на 3 август ќе се соочи со Јувентус.
Comments are closed for this post.